Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот „Фејсбук“ профил испрати честитки за Тамара по нејзиниот настап на Евросонг, со пораката „Македонија вечна“. Под неговата објава најголем дел од коментарите се со поддршка за евровизиската претставничка, но има и голем број критики што Тамара настапила како претставник на Северна Македонија.