Методи Перунковски и Александар Бошев најдобри бармени во Македонија за 2015. година

Од:

Методи Перунковски и Александар Бошев се победниците на 8-то Државно првенство за бармени што се одржа во Охрид. Тие се избрани за највешти во конкуренција од 18 натпреварувачи кои во финалната фаза од натпреварувањето се бореа за тутулите во двете категории и тоа класична подготовка на коктели и „флертендинг“ (акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема).

Стручното жири составено од експерти од земја и регионот ги оценуваше кандидатите според неколку критериуми и тоа техника на изведба на класична подготовка на коктел (оценувано од технички судии), работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија, и secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена).

Од 40-те пријавени учесници, според оценките на стручното жири, дванаесет од нив во финалето се бореа за титулата „Бармен на Македонија за 2015“Во финалето, критериумите и оценките се исти, а се пренесуваа поените во техника од квалификациите, додека судиите за оценување на вкус беа променети.

Првопласираните Методи Перунковски и Александар Бошев како најдобри ќе имаат можност со нови рецептури да го претставуваат Здружението на бармени на Македонија на Светскиот коктел и флертендинг шампионатот што од 10 до 15 октомври ќе се одржува во Софија.

Инаку, во рамки на Државното првенство во Охрид, се одржа и едукативен семинар, на кој учесниците можеа да се запознаат со искуствата на светски шампиони во областа, како и да се едуцираат за начините на консумација и послужување на вискито како пијалок и составен дел од голем број коктели. 

Би можело да ве интересира

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто

Горан Наумовски

Зголемени цените на угостителските услуги

За 0,5 отсто поскапеле угостителските услуги во ноември во однос на октомври

Ана Ололовска

Зголемени цените на угостителските услуги во октомври

Ана Ололовска

Бизнисот бара ревидирање на мерките

Ана Ололовска