Методи на Никола Тесла за зголемување на мозочната продуктивност

Од:

Никола Тесла е познат по создавањето на електричен систем за наизменична струја, но покрај тоа неговото име се наоѓа и на уште околу 300 патенти за разновидни изуми. 

Во текот на животот константно работел на проекти и често ги реализирал до крај. 

Постојат трикови со кои големиот иноватор работел на развивањето на неговиот мозок. Три методи со кои нејголемиот генијалец се трудел да ја зголеми неговата мозочна продуктивност. 

1. Добро размислете пред да направите нешто 
Никола Тесла често зборувал како може да замисли фабрика и ретко правел нацрти пред почетокот на работата на неговите изградби. Овој процес на визуелно размислување не е карактеристичен за сите луѓе, но е основна идеја дека едноставно треба да се концентрирате на конечниот производ. За креативно размислување често е неоходно да се опуштите и да поработите на проблемите во вашата глава. 

2. Прошетка 
Познато е дека кратката прошетка има свои предности кога станува збор за креативноста. При прошетка во парк во Будимпешта во 1881 година, Тесла ја добил идејата за создавање на неизменична електрична енергија. 

3. Работите на проблемите сами 
Како и многу инавотори и креативци, така и Тесла ја застапувал тезата дека процесот на размислување и создавање треба да го поминете во самотија. 

– Умот е поостар и поконцентриран кога сте во непрекината самотија. За размислување не е неопходно било каква голема лабораторија. Оргиналноста доаѓа од осаменоста ослободена од влијанието кое ни го оштетува креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачите, бидете сами, тогаш се раѓаат идеите, тврдел Тесла.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он

Маск ги продаде акциите на Тесла

А1он

Акциите на Тесла паѓаат поради Твитер, новата инвестиција на Маск

А1он

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари

Ана Ололовска

Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари

А1он