Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари

Од:

Американскиот милијардер Илон Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари, што е најголема продажба досега. Тоа е со цел, како што тој тврди, да се избегне продажба на акции на производителот на електрични возила во последен момент, во случај да биде принуден да го продолжи договорот за купување на Твитер.

dobivaj vesti na viber

Главниот извршен директор на „Тесла“ продаде околу 7,92 милиони акции на 5 август, според бројните регулаторни поднесоци што беа објавени по затворањето на њујоршката берза во текот на вчерашниот ден, пренесува „Блумберг“.

Поради шпекулации за причините за продажба на акциите, Маск синоќа на Твитер наведе оти сака да спречи панична продажба на акции, доколку биде принуден да го заврши преземањето на Твитер за 44 милијарди долари, од што тој се откажа минатиот месец.

На прашање од негови следбеници, дали завршил со продажбата на акции на „Тесла“ и дали би ги купил повторно, доколку не се склучи договорот за преземање на Твитер, тој одговори само со „да“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Доаѓа револуција: Маск наскоро ќе претстави робот кој може да ви биде пријател

А1он

Илон Маск: Правете повеќе бебиња за да ја одржиме цивилизацијата

А1он

Мајката на Илон Маск искрено: „Спијам во гаража кога ќе го посетам“

Горан Наумовски

Маск нема да го купува „Твитер“

Маск потврди дека има близнаци со колeшка од „Тесла“

Илон Маск со семејството го посети папата Франциско