Места со идеална клима 365 дена во годината

Од:

Можеби не сите 365 дена, но во светот навистина постојат места, каде луѓето немат проблеми со временските промени. Следуваат оазите со идеална клима:

Сан Диего

Ова е школски пример за идеална клима. Никогаш не премногу топло и никогаш премногу студено, со минимална количина на утринска магла. Ако некаде постои совршена температура – тогаш тоа е тука.

Малага, Шпанија

Многу малку туристи воопшто знаат дека постои овој рај на земјата, каде климата е благонаклонета кон жителите. Малага се наоѓа на медитеранскиот брег и има една од најблагите зими во Европа. Замислете се што можете да правите кога знаете дека времето секогаш е идеално.

Канарски Острови

Тие се доволно блиску до екваторот така што секогаш е топло, а имаат и море и речиси секогаш и ветер, кој ја одржува темепратурата во нормални рамки. Канарските Острови се меѓу најубавите острови во светот и не го добиле името по канаринците туку по кучиња!

Сиднеј, Австралија

Сиднеј има во просек 340 сончеви денови во годината. За другите 25 постои можност за песочни бури, кои го парализираат градот. Сепак, тоа вас нека не ве обесхрабрува. Сиднеј е град кој ќе ве натера да заборавите на сите ваши грижи.

Лоја, Еквадор

Ова е едно од најсончевите места во светот. Просечна температура во текот на целата година има разлика од околу два степени. Лоја е музичка престолнина на Еквадор.

Ел Пасо, Тексас

Веројатно веќе сте слушнале за ова место, го прослави салсата и квалитетниот зеленчук за овој величенствен сос. Ел Пасо има идеална температура и врнежи кои се мошне поволни за растенијата. Ако растенијата се задоволни, зошто не би биле и жителите.

Оаху, Хаваи

Хаваи се мал рај во САД, но многу туристи на овие острови се сретнуваат со повеќе дожд отколку сонце. Хаваи имаат дождлив период и многу различни микроклими кои можат да играат важна улога во временските промени. Оаху има најдобар сооднос на врнежливи и сончеви денови, па затоа и се наоѓа на овој список.

Ница, Франција

Таа е убава. Навистина преубава. Шетајте или возете велосипед по брегот додека преубавото медитеранско сонце ве грее и ви дава чувство  како да се наоѓате во Калифорнија. Не грижете се, мирисот на францускиот леб и виното ќе ве вратат назад во реалноста.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска