Оваа салата може да замени цел оброк …
Потребно е:
1 лажица маслиново масло
1 помала главица кромид
2 чешниња лук
300 гр мелено месо
сол, бибер
мелен сув зачин
1 конзерва пченка (425 гр)
1 конзерва кафеав грав (425 гр)
мексикански салса сос од домати
1/3 зелена салата
160 гр изрендан кашкавал
350 мл кисела павлака
2/3 кесичка мексикански чипс
Подготовка:
– Лукот и кромидот ситно исецкајте ги и пропржете ги на загреано масло.
– Додадете го меленото месо и продолжете со пржењето додека не испари целата течност која ќе ја пушти месото. Зачинете со сол, бибер и мелен сув зачин.
– Пропрженото месо ставете го во сад за сервирање и оставете да се излади. На изладеното месо ставете ја пченката, потоа исцедениот грав и најодозгора од сласата од домати.
– Салатата измијте ја, исцедете ја и исецкајте ја на тенки ленти. Ставете ја во садот хад другите состојки. Измешајте ја киселата павлака и сипете ја над салатата.
– На крај посипете со рендан кашкавал.
– Пред да ја послужите салатата одозгора украсете ја со мексиканси чипс.