Мексиканска пита со пилешко месо

Од:

Многу вкусна мексиканска пита со пилешко месо прелиена со сос од јајца и брашно …

Потребно е:
1 печено пиле
1 чаша (од 250 мл) некој топлив кашкавал
2 сецкани зелени чили пиперчиња
3 лажици сецкан свеж магдонос
1/2 лажиче мелена чили пиперка
сол, по потреба
бибер
1 голема тортиља

за преливот:
1 чаша брашно
1 чаша млеко
2 јајца
1 лажиче прашок за пециво
сол, по потреба
бибер

1 чаша некој топлив кашкавал

Подготовка:
– Пилето исчистете го од коските, а потоа исецкајте го на мали парчиња.

– Во тоа додадете го ренданиот кашкавал, ситно сецканите зелени пиперчиња, сецканиот магдонос, мелената чили пиперка, сол и бибер. Убаво измешајте.

– Во округла намастена со масло тава ставете ја тортиљата.

Мексиканска пита со пилешко месо1

– На тортиљата ставете ја смесата со пилешко месо и израмнете.

Мексиканска пита со пилешко месо2

– Во друг сад измешајте ги брашното, млекото, јајцата, прашокот за пециво, сол и бибер. Смесата прелијте ја над филот од пилешко месо и со лажица на неколу места направете вдлабнувања за да се спојат двете смеси.

Мексиканска пита со пилешко месо3

Мексиканска пита со пилешко месо4

– Одозгора посипете со ренданиот кашкавал и ставете да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени 25 минути.

Мексиканска пита со пилешко месо5

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска