Декоративни, вкусни колачиња …
Потребно е:
250 гр брашно
1 лажичка прашок за печиво
125 гр путер
1 јајце
150 гр шеќер
75 гр сушени јагоди
1 лажичка екстракт од ванила
пола лажиче кора од лимон
прстофат сол
Подготовка:
– Брашното просејте го низ цедалка, заедно со прашокот за печиво и солта.
– Претходно, ладниот путер исечкајте го на кришки и оставете ги кришките на собна температура. Омекнатиот путер ставете го во брашното и со раце втријте го за да добиете смеса во облик на трошки.
– Јајцето малку изматете го со екстрактот од ванила.
– Во смесата со брашно и путер ставете ги изматеното јајце, сушените јагоди и кората од лимон. Замесете меко тесто.
– Од тестото формирајте салама, завиткајте ја во пластична фолија и ставете ја да се лади во фрижидер 1 час.
– Рерната загрејте ја на 190 целзиусови степени.
– Од саламата сечете кекси со дебелина од 5 до 6 мм, наредете ги на тавче обложено со хартија за печење и печете ги во загреаната рерна, 8 до 10 минути, додека малку да поруменат.
– Испечените кекси оставете ги на решетка да се ладат и ставете ги во лимена кутија за колачи.