Мек и сочен чоколаден колач

Од:

Уште кога ќе го видите ќе знаете дека е божествен …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
10 јајца
180 гр шеќер
200 гр мелени ореви или лешници
200 гр чоколадо во прав
1 прашок за пециво

за кремот:
500 мл слатка павлака
200 гр чоколадо за готвење

Подготовка:
– Прво подгответе го бисквитното тесто. Во еден сад пенесто изматете ги јајцата и шеќерот.

– Во друг сад измешајте ги мелените ореви или лешници, чоколадото во прав и прашокот за пециво. Оваа смеса додадете ја кај јацата и повторно изматете.

– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20-25 минути.

– Додека се пече тестото подгответе го кремот. Растопете го чоколадото со слатката павлака на тивко со постојано мешање. Внимавајте не смее да почне да врие.

– Уште топлиот бисквит избоцкајте го со вилушка на повеќе места. Посипете го со топлиот крем. Оставете да се излади на собна температура.

– Исечете го на коцки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска