Меган Маркл, војвотката на Сасекс, денеска на свет донесе момче.
Веста ја потврди нејзиниот сопруг, принцот Хари. Тој рече дека двајцата се „апсолутно воодушевени” и и се заблагодари на јавноста за поддршката за време на бременоста на Меган.
Тој рече дека Меган и бебето се „неверојатно добро”.
Војводата додаде дека сѐ уште размислувале за имињата на новороденчето.