Медитерански медени колачиња

Од:

Потребно е:
3 чаши (од 200 мл) брашно
пола чаша мед
пола чаша маслиново масло
4 лажици растопен путер
1/2 лажиче сол
изрендана кора од 1 лимон
1 лажица ракија
1 лажица семки од сусам
1 лажица семки од лен
3 каранфилчиња
1/2 лажиче цимет
1 лажица прашок за пециво

за филот:
2 полни лажици мелен рогач
1,5 лажица џем од смокви

Подготовка:
– Во помал сад на рингла на ниска температура загрејте ги маслото и медот колку да се растопи медот и да може да ги измешате.

– Останатите состојки измешајте ги во еден друг сад и потоа додадете ги и течните состојки. Замесете фино и тесто без грутчиња.

– Преминете на подготовка на филот. Во џемот додадете го мелениот рогач и загрејте го на ниска температура за да се спојат двете состојки. Оставете го да се излади.

– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и истенчете го со сукало.

– Со округли модли вадете кругови од тестото. Во зависност од големината на модлите треба да добиете околу 16 колачиња.

– Исечените облици наредете ги во тава обложена со хартија на печење. На секое парче тесто ставете по едно лажиче од филоти преклопете го со друг исечен облик од тесто.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10-15 минути. Внимавајте да не ги препечете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска