Мажите трошат 5 месеци од животот за бричење

Од:

Кога би броеле, потребни се околу 600 потези за да се избричи секое влакно од лицето, за разлика од рекламите кои го велат спротивното.

Бричењето некогаш беше едноставно со четка, сапун, огледало и брич. Денес во бричењето се вклучени секакви препарати за кожата на лицето, за пред и после бричење, лосиони, креми, гелови, апарати за бричење и друго.

Дали знаевте дека речиси 90 отсто од мажите се бричат барем еднаш дневно, 60 часа годишно или се на се 20000 пати во текот на животот? Просечната доба кога мажите започнуваат со бричење е од 14 до 16 година.

Влакната во просек растат до еден сантиметар месечно, под агол од од 30 до 60 степени, а со бричењето исто така се отсрануваат и мртвите клетки од кожата на лицето. Просечен човек има околу 615 влакна на еден квадратен сантиметар. Луѓето со темна кожа имаат повеќе влакна од Азијатите, но затоа белците се највлакнести.

Потребни се 600 потези за да се отстранат сите влакна од лицето. Дури 1,3 милијарди мажи се бричат со помош на брич, а првиот брич се појавил во 1901 година.

Би можело да ве интересира

Спас од лажни вести преку новата апликација на GRID

Ана Ололовска

Не биди роб на социјалните медиуми, земи ја контролата во свои раце

Наум Локоски

Во Македонија дневно се произведуваат 6.000 вести. Како да дојдете до оние што вас ве интересираат?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мисовски: Никола зрело време е да си одиш!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангелов: Кога се појавија албански знамиња, Бранко не побегна во Америка како Никола

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Жерновски: Власта да падне за да се крене Македонија

Ана Ололовска