Матјe Касовиц е тешко повреден во сообраќајна несреќа

Од:

Познатиот француски актер, режисер и сценарист Матје Касовиц (56) е тешко повреден во сообраќајна несреќа со мотор во поширокото подрачје на Париз, јавија француските медиуми.

Касовиц, најпознат по режијата и глумењето во филмот „Омраза“ од 1995 година, како и по глумата во филмот „Неверојатниот живот на Амелија Пулен“ (2001), претрпел „многу сериозни повреди“ додека тренирал да вози мотор.

Според други медиуми, актерот се подготвувал за нова улога кога се случила несреќата, а со него во тоа време била и неговата ќерка која исто така возела мотор.

Тој итно бил префрлен во болницата Кремљ-Бисетр, а неговиот живот не е во опасност.

Касовиц глумеше во неколку десетици филмови, меѓу најпознатите се „Дискретен херој“ на Жак Аудиар, „Амин“ на Коста Гаврас, а тој е ѕвезда на серијата „Биро“.

Би можело да ве интересира

Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец

Битолчанец и Британец се жртви во сообраќајката на патот Битола – Прилеп, повреден е Индиец

А1он

Нова несреќа со смртни последници, загина 34-годишнен штипјанец

Едно лице загина, двajцa се тешко повредени во сообраќајка на патот Битола-Ресен

Горан Наумовски

Сообраќајка на патот Ресен – Битола, возилата се пренасочуваат по стариот пат

Во сообраќајка кај Охрид загина 26-годишен мотоциклист