Маските „Порака“ и „Прилепска тутунарка“ најдобри на карневалот „Прочка 2015“

Од:

Стручното жири на 14. Меѓународен карневал во Прилеп „Прочка 2015“ ги прогласи најдобрите групни и поединечни маски на карневалот.

Жирито во состав Ели Милошеска етнолог, Тони Чатлески ликовен уметник и Марјан Матракоски од локалната самоуправа за најдобра маска на Карневалот ја прогласи маската  „Порака“ на учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Прилеп. А најдобра самостојна маска на Картневалот е маската „Прилепска тутунарка“.

Во категоријата за возрасни групни  маски, според жирито, како што соопштува етнологот Ели Милошеска, најдобра традиционална е маската „Прочкари“, а најдобра современа е маската „Крали Марко и Црна Арапина“.

Во категоријата детски групни маски, најдобра традиционална е маската „Веселата ливада“ на учениците од основното училиште „Рампо Левката“ од Прилеп, а најдобра детска современа е маската „Лов без улов“ на учениците од основното училиште „Блаже Конески“.

Доделени се вкупно 15 награди и тие ќе бидат доделени на вечерашната карневалска забава во хотелот „Сонце“ во Прилеп.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Над 500 учесници на карневалот во Кавадарци, градот има вински кралица и крал

Предраг Петровиќ

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп