Едноставно и вкусно …
Потребно е:
190 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво
1/2 лажиче сода бикарбона
75 гр путер
100 гр шеќер
2 јајца
100 гр маскарпоне сирење
60 мл млеко
суви кајсии
чоколадо
Подготовка:
– Во еден сад ставете го омекнатиот путер и шеќерот и убаво изматете ги со миксер. Додека матите додадете едно по едно јајце. Продолжете со матењето додека да добиете хомогена смеса.
– На крај додадете ги маскарпоне сирењето и млекото и убаво измешајте.
– Брашното измешајте го со прашокот за пециво и содата и додадете ги во смесата. Убаво измешајте.
– Сега додадете ги и сецканите суви кајсии и сецканото чоколадо и повторно измешајте.
– Во калапот за мафини ставете хартиени корпички и наполнете ги со подготвената смеса. Внимавајте, немојте да ги преполните корпичките, треба да бидат наполнети нешто малку над средината.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.