Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Од:

Милијардерот Илон Маск вели дека неговата компанија Neuralink за прв пат успешно вградила еден од своите безжични чипови во човечки мозок.

„Првичните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси и пациентот добро закрепнува“, објави Маск.

Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и да помогне во решавањето на сложените невролошки состојби. Голем број конкурентски компании веќе имаат инсталирано слични уреди. Би-Би-Си Њуз се обрати до Неуралинк и американскиот медицински регулатор, Управата за храна и лекови (ФДА), за коментар.

Во мај, компанијата на Маск доби дозвола од FDA да го тестира чипот на луѓе, што претставува пресвртница. Ова даде зелено светло за почеток на шестгодишното истражување. Пациентите кои ќе учествуваат во студијата ќе имаат хируршки чип поставен во делот од мозокот кој ја контролира намерата за движење. Чипот, кој ќе го инсталира роботот, потоа ќе снима и испраќа мозочни сигнали до апликацијата, со првична цел „да им овозможи на луѓето да го контролираат курсорот на компјутерот или тастатурата користејќи ги само своите мисли“, според Neuralink.

Маск на X објави дека првиот производ на Neuralink ќе се вика Telepathy. Тоа треба да овозможи да се контролира нечиј мобилен телефон или компјутер – со размислување.

“Првите корисници ќе бидат оние кои ја изгубиле способноста да ги користат своите екстремитети. Замислете Стивен Хокинг да може да комуницира побрзо од брза дактилографка. Тоа е целта”, додаде Маск.

Би можело да ве интересира

Маск ја прошири тужбата против OpenAI, сега го тужи и Мајкрософт

ВИДЕО: Илон Маск доби функција од Трамп, водител од Фокс ќе биде министер за одбрана

Катерина Ѓуровски

Уште една тужба против Илон Маск: Давањето милиони на потенцијалните гласачи е „незаконска лотарија“

Маск: Ќе се заостри цензурата во САД доколку победи Камала Харис

Илон Маск организира лотарија – секој ден по милион долари за еден гласач на Трамп

Горан Наумовски

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ