Маск: Близу сме до петтото ниво на самоуправувачко возење

Од:

Сопственикот на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск изјави дека неговата компанија е многу блиску до петтото ниво на технологијата за самоуправувачко возење, односно управување со возилата без учество на возач.

– Јас сум крајно убеден дека петтото ниво, односно суштината на потполно самоуправување, ќе стане реалност и мислам дека тоа ќе се случи многу наскоро… Сè уште сум убеден дека ќе ги завршиме основните функции за петтото ниво на автономија оваа година, рече Маск во видеоврската на отворањето на годинашната Светска конференција за вештачка интелигенција во Шангај.

Сепак, претставниците на автомобилската индустрија посочуваат дека ќе биде потребно повеќе време за да се постигне целосна подготвеност на оваа технологија, како и потполна доверба на јавноста во неа.

Би можело да ве интересира

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Маск ја најави најпаметната вештачка интелигенција во светот

А1он

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции

Мерц: Маск ќе се соочи со последици за мешање во германската изборна кампања