Марокански снежни топчиња со кокос

Од:

Едноставни, брзи, меки, со богат вкус на кокос …

Потребно е:
за тестото:
3 јајца
236 мл масло
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
400 гр бело брашно
2 лажичиња прашок за пециво

625 гр мармалад од кајсии
3 лажици вода од цвет од портокал
200 гр кокосово брашно

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.

– Во еден сад изматете ги јајцата со маслото, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги и ббрашното и прашокот за пециво. Замесете меко и лепливо тесто. По потреба може да додадете уште малку брашно, но внимавајте тестото треба да остане меко.

– Со раце земајте од тестото и обликувајте топчиња помали од орев. Топчињата ќе нараснат додека се печат.

– Топчињата наредете ги во тава на хартија за печење на растојание  2-2,5 см меѓу нив. Притиснете ги малку со рака. Ставете ги да се печат во загреана рерна 10-15 минути. Готови ќе бидат кога малку ќе поруменат. Оставете ги да се изладат но само 5 минути.

– Додека се печат топчињата подгответе го мармаладот со водата од цвет од портокал. Ако не можете да најдете ваква вода заменете ја со мешавина од рум и прошек. Мешавината со мармаладот загревајте ја до вриење.

– Малку изладените топчиња потопете ги во врелата мешавина со мармалад, ставете ги на чинија и потоа спојувајте ги две по две и увалкајте ги обилно во кокос. Оставете ги сосема да се изладатат.

– Најубаво е да ги послужите дури утредента кога ќе бидат помеки и повкусни.

– Излегуваат околу 50 колачиња.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска