Марокански колач со урми

Од:

Идеален колач за со кафе или чај …

Потребно е:
200 гр исчистени урми
300 мл вода
2 јајца
100 гр путер
100 гр шеќер во прав
1 лажица екстракт од ванила
1 лажиче сода бикарбона или 1/2 кесичка прашок за пециво
185 гр интегрално брашно

за карамел преливот:
6 лажици кафеав шеќер
100 мл павлака за готвење
100 гр путер
морско оревче или цимет, по желба

Подготовка:
– Извадете ги семките на урмите, исецкајте ги и сварете ги малку во вода. Оставете ги 15-тина минути да се изладат, а потоа со водата во која ги варевте измелете ги во блендер.

– Изматете ги путерот, јајцата, шеќерот во прав и екстрактот од ванила.

– Додадете ги смесата од урми, брашното со содата или прашокот за пециво и убаво изматете.

– Правоаголната тава во која ќе го печете колачот намастете ја и посипете со малку брашно.

– Сипете ја смесата во тавата и ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 30 минути.

– Оставете го испечениот колач да се лади и за тоа време направете го карамел преливот.. Растопете го кафеавиот шеќер и додадете ја павлаката за готвење и путерот. Мешајте околу 5 минути и тргнете го садот на страна.

– Продолжете со мешањето малку да се излади и прелијте го колачот.

– Исечете го на коцки и посипете со рендано морско оревче или цимет.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска