Спремно дочекајте ги постудените денови …
Потребно е:
1 кг исчистени круши
500 гр шеќер
1 кесичка желатин
околу 3 лажици цимет во прав, по желба
Подготовка:
– Излупете ги крушите и исчистете ги од семките. Исецкајте ги ситно и ставете ги во блендер.
– Добиената смеса ставете ја во тенџере.
– Во помал сад измешајте го желатинот со 2 лажици шеќер и ова веднаш додадете го кај смесата од круши. Измешајте и ставете го тенџерето на рингла да се вари.
– Во тенчерето додадете го и шеќерот и ставете да се вари со постојано мешање.
– Ако сакате додадете цимет во прав и измешајте.
– Кога ќе почне да врие варете уште 3 минути. Ако сакате може да ја вадите пената што ќе се појави при варењето на мармаладот. Во тој случј ќе добиете малку погуст мармалад.
– Врелиот мармалад сипете го во врели стерилизирани тегли.
Совет: Пред да почнете со подготовката на мараладот стерилизирајте ги теглите. Во поголема тава сипете вода да го покрие дното на тавата и во водата наредете ги празните тегли. Потоа ставете ги во загреана рерна на 100 целзиусови степени околу 10 минути додека да се исушат.