Кремаста и неодолива …
Потребно е:
3 пакувања пишкоти или 300 гр
9 јајца
200 гр шеќер во прав
100 гр шеќер
250 гр маргарин
250 гр чоколадо
млеко за потопување на бисквитите, околу 200 мл
400 мл слатка павлака
2 лажици Нутела
Подготовка:
– Изматете ги жолчките со 100 гр шеќер и ставете ги на пареа да се варат. Варете ги 12 минути со постојано мешање од моментот кога ќе почне да врие водата.
– Додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека да се растопи. Тргнете го садот на страна и оставете да се излади.
– Маргаринот кој е на собна температура изматете го со 100 гр шеќер во прав.
– Додадете го изладениот крем со чоколадо и повторно убаво изматете.
– На крај изматете ги белките со 100 гр шеќерво прав во густ шлаг. Изматените белки полека додадете ги во претходно изматениот крем и измешајте со дрвена лажица.
– Во кружен калап вертикално наредете ги пишкотите кои претходно сте ги потопиле во млекото од страната која нема шеќер и таа страна ставете ја на надворешната страна на калапот.
– Потоа наредете еден ред потопени пишкоти во млеко и на дното на калапот.
– Сипете го целиот крем и израмнете.
– Тортата ставете ја на 2 часа во замрзнувач. Извадете ја ставете ја на чинија и извадете го обрачот.
– Изматете ја слатката павлака. Половина ставете над филот, а во остатокот додадете Нутела или некој друг чоколаден крем и убаво измешајте. Со готварски шприц декорирајте ја тортата со овој потемен крем.
– Тортата послужете ја после неколку часа за да омекнат пишкотите.