Основачот и сопственик на Фејсбук Марк Закерберг ќе се обиде и во светот на модата, потпишувајќи ја новата модна колекција на познатиот шведски бренд H&M.
Познат по тоа дека не се гриѓи многу за својот изглед и оти секогаш носи фармерки и обична еднобојна маица, стилот на закерберг станува дел од понудата на H&M.
Колекцијата носи име „Работа помалку за размислување наутро“ и се заснова на убедувањето на Закерберг дека и носењето на наједноставни одлуки, како што да се облече, бара ментална енергија која го попречува нашиот напор во создавањето многу поважни работи, се наведува во официјалното соопштение од брендот.
Фармерките и маиците со потпис на Закерберг ќе се најдат во продажба ширум светот од 1 мај 2016 година.