Потребно е:
3 лажици течен мед
3 лажичиња сок од лимон
5-6 лажици маслиново масло
сол, бибер
2 лажичиња сецкан свеж рузмарин
8 округли парчиња козјо крем сирење
неколку зрна бело грозје
соленки или бел леб или препечени кришки тост
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги медот, маслиновото масло, сокот од лимон, сол, бибер и сецканиот рузмарин.
– Парчињата сирење ставете ги во плитка чинија и прелијте ги со маринадата. Чинијата покријте ја со пластична фолија и преку ноќ оставете ја во фрижидер.
– Измијте ги зрната грозје и преминете на сервирање. Во чаши ставете по 1-2 парчиња маринирано козјо сирење, неколку зрна грозје, неколку соленки и украсете со листови свеж рузмарин.