Мантел: Кејт Мидлтон е пластична принцеза

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Британската писателка, Хилари Мантел крена голема прашина во јавноста, со описот на вовотката од Кембриџ, која ја нарече „пластична прицеза“ и „полирана кукла“, која плански е избрана за таа улога.

Двократната победнична на престижната книжевна награда „Букер“ изјави дека Кејт Мидлтон делува како да е „намачкната со сјај“, со совршена, пластична насмевка.

kejt-kuklaМантел оваа изјава ја даде во тек на предавањето во Британскиот музеј, кое што го одржа месец дена по освојувањето на наградата „Коста“, за својот нов роман „Лешеви на виделина“.

Предавањето, насловено „Кралски лешеви“ беше посветено на истакнати жени од кралски семејства, низ вековите.

Според неа Кејт делува како плански да е избрана за улогата принцеза.

-Нема ниту една мана, болно тенка, и повеќе од некој што би посакал, без пороци а не постои опасно дека може да развие сопствен карактер. Делува како прецизно и машински да е направена. Поинаква е од Дајана, чија човечка неспретност и емотивна нестабилност излегуваа од секој нејзин чекор – наведе британската актерка, додавајќе дека гледа како Кејт станува „безлична кукла, дефинираат од работите што ги носи“.

-Денес таа е идна мајка. Кога ќе престане да има мачнини, весниците ќе откријат дека сјае. Ќе откријат дека животот на оваа млада жена бил празен, бидејќи нејзината едниствена задача е раѓањето- објасни Мантел.

Портпаролот на писателката во изјава за лондонски „Телеграф“ рече дека нејзиниот говор не бил критичен, туку дека таа жените од кралското семејство, ги гледа како жртви на својата судбина.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он