Малме: Град во кој се зборуваат 150 јазици

Од:

Минатата сабота цела Европа беше во Малме. Фестивалот за избор на Песна на Евровизија се одржа по втор пат во овој град.

Претходно оваа манифестација во Малме се одржа во 1992 година. Малме, град со 200 илјади жители не е прв на листата на странските туристи, кои ја посетуваат Скандинавија, веројатно поинтересен им е Копенхаген, каде прекумостот, кој е изграден во 2000 година се стигнува за околу половина час.

На прв поглед Малме и не е толку атрактивна дестинација, но не треба да се занемари податокот дека ова веројатно е етнички најмешовитото место во државата на европската благосостојба, пишува данас.рс.

Во Малме се зборуваат над 150 јазици. Самата положба на градот со можноста за добро платена работа е доволно добра мамка многумина да се населат во него.

Се е убаво организирано и средено, онака како што умеат само Швеѓаните. Цените се превисоки дури и за европските стандарди. Хотелите се прескапи. Доколку сакате да поминете некој ден во Малме, најдобро е да престојувате кај некој ваш роднина, доколку го имате или да прашате кај пријателите дали некој би сакал да ве прими на неколку дена.

Она што во Малме мора да се види е Трнинг торзо, голем солитер, изграден во 2005 година и висок 190 метри. Тоа е втора највисока станбена зграда во Европа.

Интересно е да се види и остатокот на старата тврдина Малмехус, која ја изградил Ерик Седми Померански во 1434 година. Малме, меѓу другото бил еден од важните центри на реформацијата.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска