Македонското културно наследство низ изложба и модни ревии

Од:

Дванаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото „Модата и културното наследство“, на 21. октомври во Музејот на Македонија ќе го отвори модна изложба составена  од финалните дела произлезени од неколкумесечниот проект

„Модата и културното наследство“,  додека ревијалниот дел стартува ден подоцна и ќе трае се до 25. октомври.

Модната изложба „Свадбени приказни“ со која ќе започне сезоната есен/зима 2015/2016 е во реализација на Британскиот совет во Македонија како организатор, и Европски универзитет – Р. Македонија со Музеј на Македонија како партнери. Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата ќе претстават приказни преку кои ќе дадат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции. Во текот на целиот Моден викенд во Музејот, под покровителство на “Lotus Lounge Chair” , по прв пат ќе се случува  “Lotus Cozy Cinema”. Освен краткиот филм „ Четврток“ на Милчо Манчевски, ќе бидат прикажани и други македонски кратки филмови поддржани од Aгенцијата за филм на РМ и проекции на модни филмови од програмата „Dressing the Screen“ обезбедена од Британски совет во Македонија.

Print

Веќе следниот ден на 22 октомври, посетителите на Моден викенд Скопје ќе имаат можност да ја видат ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје. Последните три дена ( 23, 24 и 25 октомври) ќе се одвиваат во Музејот на Македонија, кадешто ќе ги видиме најновите колекции на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска , познатата косовска дизајнерка Венера Мустафа , турскиот моден бренд „Kigili“ , Митко Занов, Ирина Тошева поддржана од MyTime , Роберт Ивановски, Кристина Цветковска, Олгица Ѓоргиева поддржана од D’Eyeko и  за прв пат во Македонија руската модна куќа „ N by Z“.

Моделите на модна куќа „N by Z“ која работи една деценија ги потпишува дизајнерката Наталија Злодјарева. Познатата руската модна куќа годишно лансира по две нови колекции и 7 капсулни колекции со ограничена серија а креациите се продаваат во Русија, Шпанија, Грција, Италија и други европски земји.

Како дел од новата сезона на Моден викенд Скопје, ќе биде реализиран и проектот.

„Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации. Проектот резултираше со соработка помеѓу дизајнерката Ирина Тошева и македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“. Колекцијата ќе биде премиерно прикажана во декември.

Концепт-дизајнот за визуелниот имиџот на Моден викенд Скопје 12 го потпишува Јована Зука.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски