Македонски и бугарски фабрики преку модни ревии до заеднички бренд

Од:

Девет модни ревии на македонски и бугарски текстилни фабрики се одржаа во галеријата „Безистен“ во Штип вчеравечер, во насока на градење на зеднички регионален бренд и поставување подобри стандарди во текстилното производство.

DSC_2715-1

На настанот организиран од македонскиот Текстилен кластер во соработка со Моден викенд Скопје, колекциите ги претставија домашните текстилни фабрики „Амор“, „Астибо фешн груп“, „Кули“ и „Ларс“ и бугарските „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс“ и „Silver day“.

DSC_2655-1

На ревиите дента им претходеше и форум во Штип на кој членовите на кластерите дискутираа за проблемите со кои се соочуваат фабриките од двете земји и за идните активности со кои би се подобрил имиџот на текстилните индустрии во регионот.Фабриките се обединија во рамките на пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“ кој Текстилниот кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија .За шминка и фризура на моделите се погрижи салонот за убавина „Silhouette Штип“. Поддршка на модниот настан даде и винаријата „Тиквеш“.

DSC_2800-1

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за Погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија а организациона и логистичка поддршка беше обезбедена и од  Опшината Штип.

DSC_2828-1 DSC_2953-1 DSC_2975-1 DSC_3126-1 DSC_3180-1 DSC_3335-1 DSC_3372-1 DSC_3409-1 DSC_3489-1 DSC_3700-1 DSC_3718-1 DSC_3797-1 DSC_3877-1 DSC_3962-1 DSC_4015-1

Фото: Емилија Маневска

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски