Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија се на листата „30 под 30” за 2019 година за Европа која ја објави магазинот Форбс. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а Аријана и Бојан се најдоа во категорија „социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.
Во категорија социјално претпримништво се избираат млади кои преку своите бизнис идеи прават општествено добро, а Creative Hub во Македонија токму преку 5П концептот го подобрува образовниот систем и дава можност за стекнување на вештини и компетенци кои се бараат денес на пазарот на труд.
Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.
Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф, фудбалерот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман, Камила Кабело, францускиот фудбалер Де Канте, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.