Македонија 75-та според конкуреноста во туризмот и патувањата

Од:

Македонија во најновиот извештај на Светскиот економски форум за конкуретноста во туризмот и патувањата е рангирана на 75. место, што е подобрување за една позиција во споредба со претходната година.

Извештајот опфаќа 140 земји, а е изработен врз основа на повеќе критериуми меѓу кои: политики и законодавство, животна средина и инфрструктура, безбедност, здравје и хигиена и национален третман на туризмот…

Најдобри оценки Македонија има добиено во однос на правната регулатива за туризмот, а забелешки има за заштитата на природното и културното наследство.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана во извештајот на 32. место е Грција иако бележи пад од три места, Хрватска е на 35. и има пад од едно место, Словенија е 36-та со пад од три места. Црна Гора е на 40, четири места полошо од претходниот извештај, Бугарија е 50. со пад од две места, Албанија е на 77 позиција со забележан пад од шест места. Од регионот Босна и Херцеговина забележала напредок од седум места и се наоѓа на 89. место, а Турција е на 46 место со напредок од четири места.

Најконкурентни туристички земји во светот трета година по ред се Швајцарија и Германија, а следат Австрија и Шпанија. Последни на листата се Бурунди, Чад и Хаити.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска