Овие макарони со зеленчук и сирење ќе ви причинат посебно задоволство …
Потребно е:
400 гр макарони
170 гр блитва
5 јајца
160 гр печени пиперки
350 гр козјо сирење
150 мл млеко
маслиново масло
сол
Подготовка:
– Сварете ги макароните според упатството на пакувањето. Исцедете ги од вишокот течност.
– Блитвата исчистете ја, измијте ја убаво и ставете ја 1-2 минути да се бланшира во вода што врие. Исцедете ја и ситно исецкајте ја.
– Печените пиперки излупете ги и ситно исецкајте ги. Издробете го сирењето.
– Во еден подлабок сад изматете ги јајцата со млекото и потоа додадете ги сирењето и зеленчукот и убаво измешајте.
– Огноотпорен сад премачкајте го со масло, сипете ги макароните и на крај и смесата со зеленчук и јаца. Измешајте. Одозгора сипете малку масло и повторно измешајте.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25-30 минути.
– Послужете ги топли.