„Мајкрософт“ се здружи со Бе-Ем-Ве за воведување Скајп во автомобилите

Од:

„Мајкрософт“ и Бе-Ем-Ве го проширија своето партнерство за да овозможат користење на Скајп во автомобилите со АјДрајв систем на германската компанија.

Бе-Ем-Ве е еден од првите производители на автомобили кој овозможи користење на Офис 365 во своите возила, а најновата опција треба на бизнисмените да им овозможи да одржуваат Скајп состаноци преку новиот систем.

Системот ќе работи така што ќе активира нотификации за состаноци и на возачите ќе им овозможи да воспостават комуникација без потреба за рачно внесување на конференциски број. Бе-Ем-Ве ќе овозможи и подобра интеграција на календарот, контактите и листата на обврски.

Компанијата планира да овозможи Скајп за Бизнис опција во Франција, Германија и Велика Британија, а подоцна и во другите земји.

Бе-Ем-Ве претходно најави дека планира во своите автомобили да користи дигитален асистент на „Мајкрософт“ под името „Коратана“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он