Мајкл Волф: Човекот кој пронајде убавина во огромните градови

Би-би-си

Импозантните блоковски населби со збиени прозори и згради во Хонг Конг – станаа симбол на станбената криза и десетици илјади семејства кои во овој регион живеат стиснати во мали станови.

Сепак, фотографот Мајкл Волф успеа да пронајде моменти на убавина во градот што стана негов нов дом – фотографирајќи само згради без да навлегува во животите на луѓето внатре.

Волф почина во Хонг Конг на 24 април на 64-годишна возраст.

Светската слава ја стекна благодарение на 11-годишниот проект „Архитектура на збиеноста“ – повеќе од една деценија фотографираше згради во Хонг Конг и ги уредуваше да изгледаат уште погусто.

Волф израснал во Канада, Германија и Америка. Во 1994 година се преселил во Хонг Конг за да работи како фоторепортер во списанието „Стерн“.

Помина осум години на тоа работно место. Потоа, во 2003 година, почна да фотографира згради и населби од кои ќе го направи проектот „Архитектура на збиеноста“.

Становите и зградите изгледаат толку апстрактно што ви се потребни неколку секунди да сфатите што точно гледате, но тогаш со внимателно набљудување ќе откриете детали – пешкири што висат на терасите, прозори малку отворени или нечија маица како се суши.

Волф во 2014 година за Би-би-си рече:

– Како фоторепортер секогаш бев свесен за важноста на композицијата во фотографиите и секогаш тежнеев кон тоа мојот гледач да не може да се одвои од фотографијата. Сè додека имате небо на сликата, погледнувате горе и се одвојувате од сликата.

– Исто е и со архитектурата. Ако имате небо и хоризонт, приближно знаете колкаво е нешто и нема просторна илузија, но кога тоа ќе го исечете – нема потреба да опишувам зграда, направив метафора.

Некогаш, како што беше случај во серијалот „Моето омилено нешто“, Волф зумираше некои лични работи и даваше поглед одблизу на градскиот живот.

Во други случаи, ќе се помрднеше наназад и од далеку го прикажуваше градот во долината – како во серијалот „Влез/излез“, исто така во Хонг Конг.

Не го инспирираше само Хонг Конг.

Во 2014 година фотографираше покриви и оџаци во Париз, кои заедно создаваат разни геометриски облици.

Збиеноста на Токио

И неговите фотографии од метрото во Токио – Збиеноста на Токио – се многу поинтимни и даваат поблизок поглед на животот во густиот град.

На нив се гледаат луѓе буквално залепени за прозорските стакла со лице и раце.

Вагоните се толку полни што изгледа дека нема шанса да излезете, а многу патници ги држат очите затворени или лицето го покриваат со раце.

– Работата на Мајкл Волф за градскиот живот секогаш во основа имала грижа за луѓето кои живеат во такви средини, затоа што го интересирале последиците од тоа масовно доселување во градовите кои се одлика на современата цивилизација, соопшти неговото семејство по смртта.

– Таа посветеност и ангажирање остануваат централен дел од неговата кариера, прво како фоторепортер, а потоа и како уметник.

И навистина, рече Волф за Би-би-си, секогаш се трудеше да биде во кожата на тие луѓе.

– Знам за фотографски проекти во Јапонија, кои се занимавале со сликање службеници како мртви пијани чекаат полноќен воз и лежат без свест на перон, тоа го сметам за страшно неправедно.

– Тоа не кажува ништо, тоа е само вид воајеризам на кој силно се противам. Јас тоа не би го правел.

Би можело да ве интересира

Што ако останете без пасошот во странство?

Куќа за еден долар близу езерото Комо

Ана Ололовска

Дубаи воведе бесплатна дозвола за купување алкохол

Ана Ололовска

Тиркизното езеро својата убава боја ја добива од отпад

Ана Ололовска

Се продава „рајскиот остров“ на Пабло Ескобар

Ана Ололовска

Улицата на „црвените фенери“ во Амстердам на друга локација

Ана Ололовска