Мајката на Илон Маск искрено: „Спијам во гаража кога ќе го посетам“

Од:

Мајката на Илон Маск, Меј Маск (74) уште еднаш отворено проговори за врската со нејзиниот најстар син и најбогат човек на светот. Манекенката и активистка Меј Маск честопати во јавноста зборуваше за врската со нејзиниот син, кој е познат како најбогатиот човек на светот и извршен директор на компаниите „SpaceX“ и „Tesla“. Како што вели Меј, отсекогаш се гледало дека Илон е создаден за големи дела, а од тригодишна возраст бил гик и го нарекувале „момчето гениј“.

Во манифестирањето на својот потенцијал многу му помогнал неговиот брат Кимбал, кој работел со него во првата компанија „Зип2“.

Години подоцна, Илон Маск изгради вистинско богатство, но секогаш остана едноставен и скромен човек.

Тоа го потврдува и неговата мајка, која вели дека и покрај големото богатство и тоа што моментално е најбогатиот човек на светот, Илон многу малку е заинтересиран за недвижнини и дека „не поседува ни куќа. “, пишува Мирор.

Како што вели, не и се овозможува никаков луксуз дури и кога го посетува во седиштето на SpaceX во Бока Чика, Тексас.

„Морам да спијам во гаража. Не можете да имате фенси куќа во близина на место за лансирање ракети“, вели таа.

Иако можеби нема да го добие целиот луксуз и гламур кога ќе го посети синот, тие двајца се многу блиски и таа е негова најголема поддржувач.

Таа секогаш велеше дека нејзините деца треба да ги следат нивните соништа и да прават што сакаат.

„Тој треба да прави што сака. Му реков да не влегува во електрични автомобили и ракети, а тој не ме послуша“ вели Меј Маск.

Би можело да ве интересира

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

ВИДЕО: Маск мавташе со моторна пила на собир на конзерватицвите

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Маск ја најави најпаметната вештачка интелигенција во светот

А1он

Маск: Да ги уништиме сите владини агенции

Мерц: Маск ќе се соочи со последици за мешање во германската изборна кампања