Тенил Данкан од австралискиот источен Златен Брег, близу градот Бризбејн, која инаку е мајка на шест деца, ја открива својата тајна околу тоа како и после шест раѓања го задржала и одржува своето витко тело.
Жената е среде своите 30-ти години, има големо семејство, а се уште не се откажува од својата страст – фитнесот. Таа работи како личен тренер, и вежба шест дена седмично.
– Секое утро се будам во 4:30 часот, па вежбам додека моите деца се уште се в кревет. Потоа го подготвувам појадокот. Откако ги испраќам нив на училиште, им се посветувам на своите клиенти, вели таа.
Откако утринските часови ќе завршат, попладне започнуваат онлајн часовите на Австралијката, преку интернет пренос во живо.
И покрај сето тоа, таа секогаш внимава ручекот и вечерата за нејзиното семејство да бидат навреме сервирани, и децата редовно да си ги пишуваат домашните задачи.