Магичниот Рио де Жанеиро го слави својот 450.роденден

Од:

Бразилскиот град Рио де Жанеиро денеска почнува со прослава на 450-годишнината од постоењето, на тој начин што во текот на целиот месец сите знаменитости во градот ќе бидат осветлени во сина боја, во рамки на кампањата „Сино срце“ против шверцот на луѓе низ светот.

Градските власти се одлучија сите споменици ноќе да бидат осветлени, меѓу кои се наоѓаат и славната статуа на Христос што доминира над градот на ридот Корковадо, Операта, музејите, црквите и Тврдината на плажата Копакабана.

Врв на прославата ќе биде тортата висока 450 метри која ќе биде поставена на главниот плоштад. Куварите за тортата потрошиле 2,5 тона брашно, 2,1 тон шеќер, 1,5 тон маргарин, 3.000 јајца и по 1.000 литри млеко и шлаг.

Пред 450 години, на 1 март 1565 година, португалските колонизатори во спектакуларниот залив на брегот на Атлантикот го основале градот Рио де Жанеиро, 65 година откако се истовариле на тоа место, во јануари 1502 година. До тоа време на тој простор живееле индијански домороци.

Португалците тогаш верувале дека разгранетиот брег е слив на некоја голема река, а бидејќи ја нашле во јануари, тој предел го наракле Рио де Жанеиро или „Јануарската река“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска