Брзо и фино слатко задоволство …
Потребно е:
400 гр брашно
60 гр шеќер
2 лажичиња прашок за пециво
6 лажици путер
6 лажици џем од портокали
100 мл сок од портокали
3 јајца
1 лажиче цимет во прав
прстофат каранфилчиња
Подготовка:
– Измешајте ги брашното, шеќерот и прашокот за пециво.
– Додадете го и путерот и поврзете ги сите состојки.
– Во друг сад измешајте ги џемот и сокот од портокал.
– Додадете ги јајцата и убаво изматете. Потоа оваа смеса додадете ја кај сувите состојки.
– Со смесата наполнете го калапот за мафини кој претходно малку сте го намастиле.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.