Мафини со кашкавал и власец

Од:

Ако сте љубители на мафини еве еден одличен рецепт за нивна подготовка …

Потребно е:
225 гр брашно
125 мл млеко
125 мл кефир или јогурт
1 јајце
1/2 лажиче шеќер
1/2 лажиче сол (или по вкус)
3-4 полни лажици исецкан свеж власец
150 гр кашкавал, изрендан
1 прашок за пециво
30 гр растопен путер
путер, за премачкување на калапот

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво и измешајте.

– Власецот измијте го, исушете и ситно исецкајте го.

– Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, а путерот растопете го.

– Во еден сад ставете ги млекото и кефирот (или јогуртот) и јајцето и изматете со вилушка.

– Во средината на брашното со рака направете дупка, и додадете ја смесата со млеко, кефир и јајце, растопениот путер и со дрвена лажица убаво измешајте. Додадете ги кашкавалот и власецот и повторно убаво измешајте.

– Калапот за мафини убаво подмачкајте го со путер, Во секое дупче од калапот сипете од смесата и тоа не до горе. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 185 целзиусови степени 20-25 минути или додека благо не поруменат. По 20 минути проверете ги со чепкалка за заби дали се печени.

– Оставете ги малку да се изладат и послужете ги со со чаша јогурт или кефир.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска