Овие мафини може да ги направите и со друго овошје …
Потребно е:
1 јајце
100 гр шеќер
60 мл масло
250 гр брашно
120 мл млеко
10 гр прашок за пециво
200 гр јаболки
1 прстофат сол
1/4 лажиче цимет во прав
Подготовка:
– Во еден сад изматете ги јајцата и шеќерот и додадете ги маслото, млекото, брашното, прашокот за пециво и солта. Матете додека да добиете хомогена смеса.
– Во смесата додадете изрендано јаболко и цимет.
– Смесата распоредете ја во калапи за мафини во кои сте ставиле книжни кошнички за печење.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 30 минути.