Мафини со банана и чоколаден крем

Од:

Заводлива комбинација на вкусови: банана и чоколаден крем …

Потребно е:
1,5 чаша (од 250 мл) брашно
1 лажиче сода бикарбона
1 лажиче прашок за пециво
1/2 лажиче сол
2 зрели, изблендирани банани
3/4 чаша шеќер
1 изматено јајце
1/3 чаша масло
10 лажичиња чоколаден крем (Нутела, Меренда, …)

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 целзиусови тепени. Калапите за мафини намастете ги или во нив ставете хартиени корпички за печење.

– Во еден поголем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта.

– Во помал сад измешајте ги изблендираните банани, шеќерот, јајцата и маслото.

– Соединете ги сите состојки и мешајте за да се спојат.

– Наполнете ги калапите со подготвената смеса. на секој мафин ставете по едно лажиче чоколаден крем.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна 15-17 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска