Уште еден одличен начин како да го искористите стариот леб …
Потребно е:
200 гр стар леб
150 гр печурки
100 гр шунка
70 гр фета сирење
80 мл млеко
3 јајца
2 лажици масло
сол, бибер
Подготовка:
– Шампињоните измијте ги убаво, исушете ги и сдитно исецкајте ги. На малку масло издинстајте ги додека да омекнат.
– Изматете ги јајцата со млекото и во нив потопете го стариот леб кој претходно сте го исецкале на коцкички. Убаво измешајте и оставете лебот да ја впие целата течност.
– Додадете ги и печурките, ситно сецканата шунка и издробеното фета сирење и измешајте.
– Со оваа смеса наполнете ги калапите за мафини.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути, да добијат убава златно-кафена боја.