Властите во Мадрид обезбедија подвижно кино со коешто граѓаните од својата тераса ќе можат да гледаат филмови.
Заменичката градоначалничка на шпанската престолнина – Бегона Виљакис вели дека овој потег е резултат на барање на граѓаните, како еден вид „кино на отворено“.
Големиот екран се наоѓа на камион којшто секоја вечер ќе се поместува во различен крај на градот.