Поп-кралицата Мадона конечно се опорави од инфекцијата поради која заврши во болница. Таа објави нов пост на Инстаграм. Мадона позираше во својот дом облечена само во црн корсет.
„Нашминкана и нема каде да одам… Но наскоро, многу наскоро, патувам кај вас“, напиша Мадона во описот.
Пејачката беше пронајдена во несвест на 28 јуни кога падна во состојба на септичен шок пред да биде итно пренесена на интензивна нега поради бактериска инфекција и мораше да се интубира.
Според странските медиуми, Мадона сега, по закрепнувањето, поставила јасни правила за тоа што да прави со нејзината музика откако ќе умре.