Жител на Рим открил староримска гробница, откако претходно решил да ја следи мачката недалеку од својот дом, пренесува Гардијан.
Мирко Курти и неговиот пријател, од непознати причини започнале да следат една мачка која се шетала покрај зградата во која тие живеат.
Мачката наишла на еден отвор и влегла низ него.
Всушност низ отворот тие нашле гробница полна со човечки коски на подот. Археолозите кои дошле да ја истражуваат гробницата велат дека датира од периодот меѓу првиот век пред новата ера и вториот век од нашата ера. Гробницата е всушност направена во вдлабнатини на карпи.
Овие вдлабнатини во карпите се користени за во нив да стојат урните со пепел. Гробницата, според археолозите била наменета за чување урни, а коските веројатно биле закопани на друго место па со текот на времето пропаднале во неа.
Старите римјани често копале гробници во меките седиментални карпи, па голем број од нив се текот на времето се уништени.
Курти вели дека пронаоѓањето на гробницата во близина на неговиот дом е најневеројатното искуство во неговиот живот.