„Лувр“ е затворен заради проблеми со џепчиите

Од:

Парискиот музеј „Лувр“ вчера беше затворен заради штрајк на вработените кои веќе не можат да се носат со се поголемиот број џепчии кои ги загрозуваат и нив и посетителите на еден од најголемите музеи во светот.

Според управата на музејот, која во декември 2012 година поднесе жалба до обвинителството во Париз и побара полициско засилување за да излезе на крај со растечкиот проблем на џепчиите, 200 вработени денеска го искористија своето право на штрајк.

Претставничката на синдикатот Кристел Гијадер изјави дека на вработените навистина им е преку глава од овие проблеми.

-Некогаш доаѓаат на работа во страв бидејќи се соочени со организирани групи џепчии кои се се поагресивни и меѓу кои има и малолетници кои во музејот влегуваат бесплатно и дури и кога полицијата ги апси тие се враќаат неколку дена подоцна, рече таа.

Околу стотина вработени денеска се собраа за да протестираат пред Министерството за култура, под чија надлежност музејот се наоѓа.

Портпаролот на управата на музејот, за француските медиуми, изјави дека се активирани службите на правосудството и полицијата и дека се работи на тоа да се воспостави соодветен систем за обезбедување.

„Лувр“ прима десет милиони посетители годишно.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска