Ако некогаш сте сонувале за луксузно уживање во Рим, тогаш треба да ја имате предвид оваа локација, која се наоѓа во срцето на градот и од неа се птужа поглед кон прочуените Седум римски ридови.
Станува збор за „Хотел Еден“, сместен во здание старо 128 години.
Овој хотел е идеален за одмор по прошетките низ вечниот град. Колосеумот е на само десет минути пешачење, а и Ватикан, катедралата Свети Петар и Пјаца Навона се во непосредна близина.
Хотелот, кој инаку има пет ѕвездички, е редизајниран пред неколку години и тоа во класичен италијански стил. Има 98 соби и луксузни апартмани, опремени со најсоврмено осветлување и контрола на клима уредите, брз ви-фи интернет, елегантни мермерни бањи и „Ботега Венета“ козметика.
За вечера, може да го посетите ресторанот на покривната тераса на хотелот, наречен Ла Тераца.