Луксуз: Кралскиот апартман на хотелот „Президент Вилсон„“ чини 60.000 евра од ноќ

Од:

Кога сакаат да се одморат, но и да се сокријат од погледите на љубопитните, богатите и славни личности, како, на пример, Ричард Бренсон, Ријана и Бил Гејтс, многу често го избираат брегот на Женевското езеро.

Кралскиот пентхаус на хотелот „Президент Вилсон“ во Женева е веројатно најскапиот и најлуксузниот апартман во светот, каде ноќевање чини неверојатни 60.000 евра.

royal-penthouse-suite-hotel-president-wilson-geneva_600x450

Апартманот, кој го зафаќа целиот осми кат од хотелот, е со површина од 1.670 метри квадратни и нуди поглед кон Женевското езеро и Алпите.

Парфеми мирисаат зад гардероберот во сите 12 спални соби, од кои секоја има бања, а гостите на располагање имаат соба за вежбање, џакузи, маса за билијар и клавир „Стенвеј“.

Покрај сето тоа, апартманот е опремен со извонредни уметнички дела, а се послужувани од приватни батлер, готвач и чувар.

royal-penthouse-suite-hotel-president-wilson-geneva1_600x450

Причината заради која овој апартман честопати е избор на познатите личности е и таа што има одлично обезбедување, па негови гости биле принцот Алберт Втори од Монако, поранешниот советски лидер Михаил Горбачов и египетскиот диктатор Хосни Мубарак.

Со цел ВИП-гостите да се чувствуваат сосема безбедни, во сите ходници и влезови во апартманот се поставени камери, вратите се засилени со челик, а прозорците се направени од непробојно стакло.

Во апартманот, инаку, можат комотно да преноќат 23 гости.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска