Новите чанти од есенската претсезезонска колекција на Луј Витон за 2018 година во себе носат и доза носталгија, имајќи предвид дека се инспирирани од модата во 1980-те години.
Креативниот директор Никола Геские го редизајнираше препознатливиот Луј Витон патно куферче Транк Клач со кафено монограм платно, а кожените Епи чантички се понудени во розова, бела, црвена и класична црна боја.
Транк Клач е достапен во класична темно-кафена и смарагдно-зелена боја, но има и верзија со леопард шари и мотиви.
Цените на чантите се движат од 796 до 4.713 долари.