Лучиано Бенетон на 82-годишна возраст се враќа да и помогне на компанијата

Од:

Лучиано Бенетон планира на 82-годишна возраст да се врати во својата компанија, со цел да ја „заживее“ откако падна во финансиски проблеми.

Бенетон почна да работи со фирмата во 1965 година, а неговиот бренд достигна светска слава благодарејќи на убавите бои и дезени, како и храбрите рекламни кампањи.

Тој истакна дека заедно со неговата сестра Џулијана, која има 80 години, се враќаат да ја „застанат на нозе“ славната компанија.

– Додека другите не имитираат, Бенетон престана да ги користи убавите живописни бои, нагласи Лучиано.

Според него, излозите на фирмата, кои некогаш биле преполни со светлина, сега „станале темни како Полска во времето на комунизмот“.

Лучиано Бенетон, исто така, е незадоволен што фирмата престанала да произведува џемпери, кои беа нејзин заштитен знак, и планира повторно да почне со нивно производство.

Фирмата бележи загуба во последните две години, а во тековната година пријави финансиска дубиоза од 81 милион евра.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски