Потребно е:
2 филети лосос (по 170 гр)
1 лажиче куркума
1 лажиче слатка црвена пиперка
1 лажиче кумин во прав
1/2 лажиче мелена кајенска пиперка
1 чешне лук
250 гр сварени леблебии
250 гр свеж спанаќ
250 мл кокосово млеко
за сервирање:
1 лажица ситно сецкан магдонос
прстофат крупно мелена лута црвена пиперка
Подготовка:
– Парчињата лосос посипете ги со сол и бибер и од двете страни.
– Во еден сад измешајте ги куркумата, црвената мелена пиперка, куминот и кајенската пиперка. Со 1/2 лажиче од оваа мешавина посипете го секој филет и убаво втријте ја.
– Загрејте 2 лажици маслиново масло во тава на рингла. На загреаното масло испржете ги парчињата риба по 3-4 минути од двете страни, додека да добие златно-жолта боја. Тргнете ја рибата на страна.
– На истата маснотија во тавата пропржете ги стиснатиот лук, леблебиите и лажиче мешавина од зачини околу 1 минута. Додадете го спанаќот и продолжете со пржењето додека да омекне. Сипете го кокосовото млеко, посипете со сол и бибер по вкус, измешајте и оставете да се вари 2-3 минути.
– Вратете го лососот во тавата и оставете заедно да се вари 3-4 минути.
– Сервирајте го веднаш, посипано со сецкан свеж магдонос и крупно мелена лута црвена пиперка.