Лосос со крцкава коричка од лебни трошки

Од:

Интересна идеја за подготовка на риба…

Потребно е:
700 гр
 лосос
100-200 гр стар бел леб
90 гр + 10 гр путер
1 китка магдонос
1 китка копар
сол и бибер, по вкус

Подготовка:
– Лебот исечете го на мали парченца и ставете ги во блендер да ги иситните убаво. Ако лебот е сеуште мек, ставете го малку во рерна да се потпече на 200 целзиусови степени околу 5 минути. Оставете да се излади и сомелете го во блендер.

– Листовите копар и магдонос исто така убаво сомелете ги во блендер.

– Лебните трошки и иситнетите зачински билки помешајте ги со путерот и со малку сол. Мешајте убаво додека не се врзат сите состојки.

– Лососот убаво измијте го и исушете го со кујнска хартија. Ставете го во тава обложена со хартија за печење. Убаво посипете го со сол и бибер.

lososR1

– Рибата прекријте ја со смесата од лебни трошки. Одозгора нанесете го и преостанатиот путер (10 г) исечен на тенки ливчиња.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– Послужете со варен ориз или блитва.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска